Манчини оптимист: Наша крајна цел е да бидеме светски шампиони!

Италијанскиот селектор Роберто Манчини на почетокот на подготовките на Аѕурите за бараж-дуелот со Македонија в четврток во Палермо настапи оптимистички и најави дека крајната цел на Италија е да биде светски првак.

Италијанците не играа на претходниот Мундијал пред четири години, а нема да играат ниту годинава во Катар ако не ги победат прво дома Македонија, па потоа и Португалија или Турција на гости. Светското првенство уште им е далеку, а тие говорат за негово освојување.

„Треба да се фокусираме на првиот меч бидејќи ако не го добиеме, ќе нема втор. Ќе биде тежок меч, сè може да се случи во тие 90 минути. Наша цел е да го освоиме Мундијалот, а за да успееме во тоа, мора прво да ги добиеме овие два меча од баражите. Имам доверба бидејќи имам одличен тим со професионалци кои ненадејно го освоија Европското првенство кога никој не го очекуваше тоа“, изјави Манчини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести