Дриблингот на Јанг „крши кичми“, настрадаа Гибсон и Њујорк никс (Видео)

Тре Јанг имаше фантастична вечер во култниот „Медисон Сквер гарден“ и постигна 45 поени во победата на Атланта хоукс против Њујорк никс со 117:111.

Бекот на Атланта беше незадржлив, а со дриблинзите и одличниот шут што му беше со прецизност од над 50 отсто приреди блескаво шоу.

Во еден момент од мечот со дриблинг и буквално го „легна“ на паркетот Таџ Гибсон и потоа лесно поентираше.

Одлично одигра и српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ со учинок од 32 поени, а Атланта забележа веројатно и клучна победа за настап во плејофот.

На десет меча до крајот на регуларниот дел, Хоукс се на 10-тата позиција, последна која води во доигрувањето со шест победи повеќе од Вашингтон и токму од Њујорк никс.

На врвно ниво ноќеска одигра и Никола Јокиќ со учинок од 30 поени, 14 скока и 6 асистенции и го предводеше Денвер нагетс до победа од 127:115 против Лос Анџелес клиперс.

Шампионот Милвоки бакс го прегази Чикаго булс со 126:98, а изненадување приреди Орландо меџик со победа од 94:90 против Голден стејт вориорс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести