Се е наопаку во Евролигата – Имаше три големи фаворити и победи само Макаби (Видео)

Евролигата денеска донесе неочекувани резултати и од трите големи фаворити победи само Макаби Тел Авив.

Гордоста на Израел успеа лесно да слави на домашен терен против Лион Вилербан со 94:73, во меч во кој кошаркарите на Макаби апсолутно доминираа и ги добија сите четири четвртини.

Хрватскиот центар Андрија Жижиќ беше најефикасен на мечот со 24 поени, а Макаби сигурно чекори кон плејофот во Евролигата.

Првото изненадување денеска го приреди Панатинаикос со победа на свој терен од 87:86 против Реал Мадрид.

Шпанците беа асполутни фаворити, но се сопнаа во Атина на меч на кој Панатинаикос почна како фенерџија во Евролигата, а успеа да го прескокне Жалгирис на табелата.

Денот почна со сензација и заврши со големо изненадување, а го приреди Монако со победа во Италија против Армани Милано.

Гостите ги освоија бодовите со триумф од 72:63, иако на полувремето губеа со шест поени разлика.

Пресвртот се случи во третиот период што Монако го доби со 20:6 и потоа успеа да ја задржи предноста и да освии ваѓни бодови во битката за плејоф.

Мајк Џејмс со 19 поени беше прв стрелец кај Монако, а Шејвон Шилдс со 22 поени беше кошгетер на мечот, како утеха во поразот на Милано.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести