Тип-топ Полноќен експрес со добитна квота од 37

Петте меча од ноќната НБА понуда кои ги понудивме во стандардниот Полноќен експрес, перфектно се погодени. Првиот совет беше дека Бостон дома ќе ја победи Индијана во меч на кој ќе има над 225 поени и на крајот резултатот беше 128:123 за домаќините, што значи дека испадна „дебел плус поени“.

Расположени за поени беа и кошаркарите на мечот Хјустон – Сакраменто. Гостите победија со 122:117, а границата за плус поени беше на 231,5 поени.

Комбинација на „кец“ со плус поени беше и на дуелот Сан Антонио – Портланд. Домаќините беа убедливи и лесно победија со 130:111, па иако границата за плус поени беше ставена дури на 230,5 и овој меч беше со многу повеќе од зададената граница.

Денвер и Минесота го одиграа најефикаскиот дуел ноќеска, а и тоа го предвидовме точно. Во понудата на Sport Life за „плус поени“, границата беше ставена на 238,5 поени, а шоуто со многу поени заврши со резултат 136:130 за гостите, односно дури 266 поени.

Од петте меча, само на еден типувавме дека ќе биде „минус поени“ и така испадна. ЛА Лејкерс дома загуби од Њу Орлеанс со 111:114, па 225-те поени беа таман за да се погоди дека ќе има помалку од 230 поени на овој дуел.

Едноставно сите пет предлози од кои два беа со двојни комбинации, се покажаа како точни, па оние кои ги препишаа сите пет предлози, си добија добитен коефициент од 37.

- Оглас -

Најнови вести