Ѓаволски циркус – Еланга го „собра“ Рашфорд со лизгачки старт, на „Олд Трафорд“ сите се фатија за глава (Видео)

Чудна ситуација се случи во последните секунди на „Олд Трафорд“, а само потврдува колку Манчестер јунајтед не е ниту бледа сенка на тимот што до 2013 година апсолутно доминираше во Англија.

Маркус Рашфорд беше во ситуација за победнички гол против Лестер во 96. минута, но младиот Еланга со лизгачки старт го собра и го спречи да ја погоди мрежата на Лисиците.

Згора не се младиот напаѓач на Црвените ѓаволи беше во офсајд ситуација и можеше да ја избегне, но се реши на чуден потег и со лизгачки старт го сопна соиграчот и ја допре топката во ситуација што ретко се гледа.

Да не се вклучеше Еланга во акцијата, Рашфорд можеше да даде гол за победа на Црвените Ѓаволи.

https://twitter.com/johnosinde1/status/1510488445583597572?s=20&t=5o–hZy_xzR0M0B4WqP94g

 

Мечот заврши нерешено 1:1, а младиот Еланга е трагичар со чудниот старт во последните секунди на „Олд Трафорд“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести