Витингтон потпиша за Естудијантес

Американскиот кошаркар со македонски пасош, Шејн Витингтон, и официјално ја напушта Андора и премина во редовите на мадридски Естудијантес. Витингтон, кој неодамна беше еден од најзаслужните за победата на Македонија над Косово на мечот во Гевгелија, го раскина договорот со клубот за кој потшиша летоска доаѓајќи од рускиот Зенит.

Витингтон, кој е висок 208 сантиметри и има 27 години, сезонава во шпанската лига има просек од 9,7 поени и 3,8 скока за 14 минути по натпревар. Најдобра игра прикажа против Реал Мадрид, кога тимот од Андора приреди големо изненадување и го совлада европскиот првак.

Естудијантес е претпоследен на табелата, па со Витингтон во составот се надеваат на опстанок во елитата. Тој веднаш почна да тренира со својот нов клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести