Карим Бензема одигра фантастичен меч со хет-трик на „Стемфорд бриџ“ против Челзи и го води Реал Мадрид на сигурен пат кон полуфиналето во Лигата на шампионите.
Во второто четфртфинале вечерва во ЛШ, Вилјареал го победи Баерн со 1:0 и му се закани со елиминација на шесткратниот европски првак.
Реал одигра одличен меч против актуелниот европски првак Челзи, а недофатлив за одбраната на домаќините беше Бензема.
Им даде два гола со глава во 21-вата и во 24-вата минута, а со голот во 46-тата минута по големата грешка на голманот Едуард Менди стана првиот фудбалер во историјата што му дал хет-трик на Челзи во европските купови.
Бензема постигна хет-трик и на претходниот меч во Лигата на шампионите и на претходниот меч против ПСЖ во идентична победа од 3:1 на Реал.
Look at this Benzema goal LMMAAOOOOO I refuse to believe ppl actually thought Mendy was one of the best gks itw pic.twitter.com/wdwA9pcE6O
— Löçky (@somaIiba) April 6, 2022
Почесниот погодок за домаќините го постигна Кај Хаверц во финишот на првото полувреме во мегадербито на најтрофејниот тим со 13 европски круни против актуелниот шампион на Стариот Континент.
Реваншот ќе се игра на 12 април на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а истиот ден ќе почне и реваншот во Минхен меѓу Баерн и Вилјареал.
Вчера Манчестер сити го победи Атлетико Мадрид со 1:0 на свој терен, а Ливерпул славеше со 3:1 против Бенфика во Лисабон.
Тие два реванши во Мадрид и во Ливерпул ќе се играат на 13 април.
Во полуфиналето ќе играат победниците од дуелите меѓу Манчестер сити и Атлетико против Реал или Челзи и меѓу Ливерпул и Бенфика со Баерн или Вилјареал.