Ракометар на суперлигашот Бутел се бори за живот на скопските клиники и се наоѓа во тешка состојба откако рано изутринава бил донесен во болница со тешки телесни повреди.
Според неофицијалните информации на порталот „24ракомет“, станува збор за Хрватот Денис Тот (27).
Засега нема информации што точно се случило, но ракометарот бил примен на клиника со бројни повреди и неколку скршеници, кои најверојатно се од тепачка или со удирање од тврди предмети и се наоѓа во тешка здравствена состојба.