Ништо не е завршено, второто полувреме ги охрабрува Чесите дека може да победат во Скопје

Македонските ракометари испуштија голема шанса за победа на гостувањето кај Чешка, па по нерешените 24-24 во Злин, Чесите веруваат дека може да се најдат на Светско првенство.

Нашиот национален тим не губеше во ниту еден момент, а водевме и со 17-10 во еден момент од второто полувреме, па затоа Македонија треба да биде незадоволна со нерешниот исход.

Сега следува реванш во Скопје, в недела од 19 часот, тука паѓале и многу посилни тимови од Чешка, но не смее да мислиме дека работата е завршена. Чешка во последните 15-тина минути покажа дека е опасен тим со одличен голман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести