„Ајброкс“ е во делириум, Глазгов ренџерс е последен патник во полуфиналето од Лигата на Европа

Екипата на Глазгов ренџерс е последниот патник во полуфиналето од Лигата на Европа откако по 120 минути ја победи Брага со 3:1.

Мечот во регуларните 90 минути беше 2:1, и тоа со головите на Џејмс Таверниер во втората и 44-тата минута од пенал, додека голот за гостите беше дело на Давид Кармо (82′). Гостите од Португалија останаа со двајца фудбалери помалку откако Торментос (44′) и Јури Медеирош (105′) предвреме го напуштија теренот поради тоа што добија црвени картони.

Сепак, тимот од Глазгов на преполниот „Ајброкс“ во 101-вата минута поведе со 3:1 со голот на Кемар Руф, за делириум на трибините и најголем клупски успех по пласманот во финалето од Купот на УЕФА во 2008 година.

Со тоа се комплетираа полуфиналните парови од ова натпреварување, каде што Ренџерс ќе го пречека РБ Лајпциг, додека Ајнтрахт Франкфурт ќе игра против Вест хем.

ЛИГА НА ЕВРОПА ПОЛУФИНАЛНИ ПАРОВИ

Глазгов ренџерс – РБ Лајпциг

Вест хем – Ајнтрахт Франкфурт

- Оглас -

Најнови вести