Екипата на Вардар со убедливи 4:0 славеше во братското дерби против Тетекс и со тоа остана во какви-такви шанси да се бори за влез во првата лига.
Сепак и Воска Спорт и Силекс остварија победи на своите натпревари, па така бодовната разлика меѓу овие три тима останува иста и по 23 одииграни кола во втората лига Запад.
Кратовчани сега имаат 59, Воска има 54, додека Вардар е под број три со 46 бода.
Во првата лига, пак, фаворитите исто така немаа проблеми за да дојдат до победите и тоа во 28-то коло.
Шкупи со голот на Омар Имери во 65-та минута славеше над фенерџијата Пелистер. Македонија Ѓорче Петров, пак со триумфот над Работнички од 1:0, барем за кратко се искачи на позицијата под број два со 53 бода.
ПРВА ЛИГА
Македонија ЃП – Работнички 1:0
Пелистер – Шкупи 0:1
Борец – Струга 2:0