Црвена ѕвезда и Партизан и десетти пат по ред во меѓусебните дуели одиграа неефикасен меч со 0-2 гола, овојпат мрежите останаа незатресени, па Ѕвезда го задржа првото место во српската Суперлига со два бода предност пред ривалот.
Ова беше 167-мо белградско дерби. Имаше многу тензии на терен, покрај терен и на трибините, имаше и спорни ситуации во кои реагираа од ВАР собата.
Од овие 0-0 мора да бидат позадоволни Црвено-белите, бидејќи освен што ја задржаа предноста во бодови, Партизан беше тимот со поубави шанси.
Најизгледната прилика ја имаше Терзиќ во првото полувреме. Погледнете што утна фудбалерот на Партизан: