Чешки оптимизам без покритие, никогаш не победиле во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот ја пречекува Чешка во многу важен дуел, бидејќи победникот оди на Светско првенство, а ние би имале и достојно испраќање во репрезентативна пензија на големите Кирил Лазаров и Филип Миркуловски.

Пред двомечот, Чешка важеше за мал фаворит, но после првиот меч кој заврши нерешено, шансите сега се на наша страна. Домашниот терен е голема предност за Македонија, особено против Чешка. Традицијата вели дека Чесите никогаш не победиле во Скопје.

Кога ни треба победа, ретко губиме дома. Во полниот „Борис Трајковски“, ќе има 6-7.000 луѓе, и во таков амбиент, на гостите им е пресудено однапред. Чесите оптимистички најавуваат победа, се надеваат дека ќе одиграат како во финишот на средбата во Злин кога ја стопија нашата предност.

Но, изгледа подзаборавија дека на претходното гостување во Скопје загубија со 13 гола разлика. Македонија и публиката се на потег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести