Рангник: Манчестер сега е на нивото на Ливерпул пред да дојде Клоп

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, беше многу разочаран од дебаклот на гостувањето на „Енфилд роуд“. Црвените ѓаволи не само што загубија со 4:0, туку на теренот беа фудбалски понижени и едноставно немаа шанса да се спротистават на многу посилниот ривал.

„Ова беше срамно за гледање. Целосно разочарување и понижување“, рече германскиот стратег, кој направи една анализа за тоа на кое ниво е сега Манчестер јунајтед.

„Кога ќе направиме споредба со екипата на Ливерпул што Клоп ја наследи пред шест години, ќе се сетите дека тие тогаш завршија на осмото место и во просек освојуваа по 1,6 бодови на меч. Ние сме на тоа ниво со овој тим на Манчестер јунајтед. Едноставно, овој тим треба повторно да се изгради, како што тоа го направи Клоп со Ливерпул. тоа е јасно. Овој меч покажа дека е потребно да се состави нов тим, и тоа на драстичен начин. Повторно ќе го изградиме овој тим. Треба да дојдат шест, седум, па можеби и 10-мина нови фудбалери“, рече тренерот на Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести