На повидок се големи проблеми – ПСЖ сака да се ослободи од ѕвездата, таа не сака да си замине

На проблемите во ѕвездениот тим на Пари Сен Жермен им нема крај откако клубот и во оваа сезона потфрли во Лигата на шампионите.

Очекувањата не само што не се исполнети, а елиминацијата од Реал Мадрид покажа дека овој тим е далеку од освојување на титулата иако во летниот преоден рок ги доведоа Лионел Меси, Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос, Ашраф Хакими и уште неколку ѕвезди.

Токму Рамос е една од ѕвездите којашто раководството на ПСЖ сака да ја продаде, но проблемот е тоа што дефанзивецот не сака да си замине.

Тој има двегодишен договор, а јасно е зошто сака да остане бидејќи неговите годишни примања во овој тим се околу 15 милиони евра, плата каде што никаде на друго место нема ни одблиску да ја добие.

Искусниот дефанзивец одигра само осум натпревари сезонава и постигна два погодоци и ниту од далеку не ги оправда очекувањата.

- Оглас -

Најнови вести