Барселона си ниже клаузули од кои боли глава – И стоперот од Уругвај влегува во клубот „Милијарда евра“

Барселона конечно го скрши отпорот на Роналд Араухо и големиот талент од Уругвај по неколку неуспешни обиди на клубот прифатил да потпише договор со Каталонците, објавија шпанските медиуми.

Платата која сега му изнесува 900 илјади евра годишно ќе биде повеќекратно зголемена, а отштетната клаузула што ја одреди Барселона ќе биде пеколно висока и изнесува една милијарда евра.

За Араухо кој моментно е повреден заинтересирани се Арсенал, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид со понуди од 6 до 8 милиони евра годишна плата, а 23-годишниот Уругваец неколкупати одбиваше да го продолжи договорот со Барселона.

Од него во таборот на шпанскиот гигант очекуваат да биде еден од столбовите во иднина, а Араухо совршено се вклопува во визијата на Чави, кој создава млад и моќен тим.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести