Рангник: На Манчестер јунајтед потребна му е операција на срцето за да се врати на старите патеки

Манчестер јунајтед веќе една деценија не бележи резултати, какви што навивачите посакуваат, а тоа е освојување на трофеи.

Тимот, по заминувањето на Сер Алекс Фергусон тапка во место, а и покрај бројната промена на тренери и доведување на ѕвездите, подобрување нема, напротив.

Се чини дека Ралф Рангник е единствениот тренер кој што досега зборува отворено за целокупните проблеми во клубот, а по поразот од Арсенал, даде брутално вистинита изјава.

„На овој Манчестер јунајтед не му се потребни козметички промени, па да кажеме дека е сè во ред, туку му е потребна отворена операција на срце.

Проблемите се насекаде во клубот, не може само да се каже дека тренерот или играчите се криви. Треба да се анализира од првиот до последниот човек во Манчестер јунајтед и да се средат работите таму каде што е потребно.

Само така Манчестер јунајтед ќе се врати на успесите“ изјави Рангник.

По поразот од Арсенал со 3:1, шансите за Манчестер јунајтед да игра во Лигата на шампионите се минимални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести