Џа Морент одигра брилијантен меч со многу пресврти и е најзаслужен за победата на Мемфис гризлис од 111:109 против Минесота, со која Мечките водат со 3:2 во возбудливата плејоф-серија од првото коло во Западната конференција.
Морант беше присебен и атрактивно го погоди кошот на гостите за победа, а претходно го имаше и најатрактивниот потег на мечот.
Џа летна во воздухот и на неверојатен начин ја заби топката во кошот преку Малик Бисли.
JA MORANT OH MY GOODNESS 😱
(via @NBA)pic.twitter.com/ApMhJGOoBH
— SportsCenter (@SportsCenter) April 27, 2022
Морент и соиграчите успеаја да анулираат двоцифрена разлика во последниот период и тоа им поаѓа од рака вторпат во возбудливата серија со Минесота.
Ноќеска губеа со 11 поени разлика пред стартот на последниот период од 12 минути, а претходно имаа негатива од цели 26 поени на третиот меч што го добија со 104:95.
Сега им треба уште една победа за пласман во второто плејоф-коло, но ќе гостуваат на шестиот меч за два дена во Минесота.