Мајами е хит и без Батлер, Мемфис прави невидени пресврти против Минесота (Видео)

Мајами хит ќе игра во второто коло од плејофот во НБА-лигата по четвртата победа со која ја елиминира Атланта хокс во Источната конференција.

Мајами славеше со 97:94 и со вкупен резултат од 4:1 оди понатаму. Хит приредија подвиг, па и без најдобриот кошаркар, Џими Батлер, најдоа рецепт да го елиминираат ривалот и сега го чекаат противникот во полуфиналето во Источната конференција.

Виктор Оладипо е големото засилување на Мајами во плејофот откако не играше речиси цела сезона.

Бекот беше најефикасен кај победничкиот тим со 23 поени, а одлично одигра и Бем Адебајо со 20 поени и 11 скока.

Најефикасен на мечот беше Хантер од Атланта со 35 поени и 11 скока, но без ефект бидејќи Хокс испаднаа во првото коло.

Мемфис гризлис во драматичен петти меч ја победи Минесота тимбервулфс со 111:109 и води со 3:2 во Западната конференција.

Џа Морант постигна победнички кош на една секунда до крајот, а Мемфис надомести двоцифрена негатива во последната четвртина, што им се случи вторпат во плејоф-серијата со Волците.

Морент постигна 30 поени со 13 скока и 9 асистенции и му недостасуваше само едно додавање за трипл-дабл.

Бејн постигна 25 поени, а кај Минесота, Таунс беше прв стрелец со 28 поени и 12 скока.

Со ист резултат, 3:2, поведе и вицешампионот Феникс санс против Њу Орлеанс пеликанс.

Мајкл Бриџис со 31 поен и Крис Пол со 22 поени умешно го надоместија отсуството на најдобриот стрелец во тимот, Девон Букер и Феникс славеше со 112:97 и е на една победа до полуфиналето во Западната конференција.

- Оглас -

Најнови вести