Напад за играта на Вилјареал: Ливерпул можеше на теренот да стави и навивач

Џејсон Канди, поранешниот фудбалер на Челзи, Тотенхем, Ипсвич и Портсмут, сега работи како радиокоментатор и аналитичар, а синоќа по мечот на Ливерпул и Вилјареал искажа жестоки критики за играта на Жолтата подморница, која постојано се бранеше.

„Вилјареал играше срамно. Ова е срам за Лигата на шампионите. УЕФА мора да го гледа ова и да сфати дека има голем проблем штом ваков тим дојде до полуфинале. Ливерпул играше во друга брзина. Ова беше како некој неважен меч од последно коло во групната фаза. Имаат најлош голман што сум го видел во ова ниво на натпреварување. Некои играчи на Ливерпул не се ни испотија, Клоп можеше без да се плаши, покрај Ван Дајк во одбраната да стави и некој навивач. Во моментов, само еден тим може да направи нешто против Ливерпул, а тоа е Сити, и можеби Челзи ако се игра еден меч“, смета Канди.

- Оглас -

Најнови вести