Српскиот клуб Партизан се спаси од ригорозна санкција од УЕФА, откако Фудбалскиот сојуз на оваа земја му даде позајмица од 250.000 евра, за да може Црно-белите да ги исплатат долговите кои ги имаат. На Партизан му се закануваше исфрлување од европските купови за наредната сезона, но ФСС реагираше во последен момент и со позајмицата му помогна на клубот да остане без санкција.
Партизан доби „пенали“ од ФИФА со забрана за регистрирање на нови фудбалери во следните три преодни рока и тоа поради неисплатените финансиски побарување на некои од нивните играчи.
Со исплаќање на последниот посочен долг, Партизан останува да игра во европските купови и следната сезона.