Раул го скрати списокот за Мундијалот во Германија и Данска

Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез дополнително го скрати списокот на ракометари во подготвителниот период за Светското првенство кое за помалку од две недели започнува во Германија и Данска.

По неколку дневните подготовки, Раул реши од списокот да бидат избришани  Томислав Јагуриновски и Ласко Андоновски. Тоа значи дека овие двајца нема да се појават на следните тренинзи.

Поради Новата година, следи кратка пауза, а подготовките ќе продолжат на 2 јануари, со тренинг во 10 часот. На тој тренинг ќе треба да се појават 20 ракометари кои останаа на списокот.

Македонија е во групата Б и своите настапи ќе ги игра во Олимписката сала во Минхен. Противници се Јапонија (11 јануари), Бахреин (13 јануари), Хрватска (14 јануари), Шпанија (16 јануари) и Исланд (17 јануари). Првопласираните три од групата ќе продолжат во следната фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести