Кваљарела му се заканува на Батистута

Фабио Кваљарела од Сампдорија, со постигнати голови на девет натпревари по ред од италијанската Серија А, се изедначи со Давид Трезеге од пред 13 години, но ветеранот кој на крајот на јануари ќе наполни 36 години и игра во животна форма, се наоѓа на 180 минути од изедначување на рекордот.

Најголема серија во историјата на Серија А има славниот Аргентинец Габриел Батистута, кој на 11 меча по ред во дресот на Фиорентина во 1994 година, даваше барем по еден гол.

Кваљарела има погодоци на девет средби во низа, ги тресеше мрежите на Милан, Торино, Џенова, Болоња, Лацио, Парма, Емполи, Киево и Јувентус, а за да се изедначи со „Бати-гол“, ќе мора да погоди и на дуелите со Фиорентина и Удинезе. Доколку успее, тогаш Кваљарела ќе брка нов рекорд од 12 меча по ред со постигнат гол, на мечот помеѓу Сампдорија и Наполи, два дена откако ќе го прослави 36-тиот роденден.

- Оглас -

Најнови вести