Во Ѓорче Петров се игра меч за Европа, Тиквеш и Скопје се уште се надеваат на чудо

Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе играат во дербито на 30. коло денеска од 17 часот во Скопје и тој меч може да одлучи за настап во европските купови.

Со победа струмичани ќе се вратат на втората позиција и би направиле недостижна предност пред ривалот од 8 бода.

Лавовите од Ѓорче Петров имаат две шанси за излез во Европа, а едната од нив е денеска да победат во дербито и да останат во игра за позициите број два и три во домашното првенство.

Пореална варијанта е да атакуваат на пехарот во националниот куп, на 20. мај во финалето против Силекс во Скопје.

Денеска од 17 часот ќе играат и Борец против Скопје, во меч на кој гостите мораат да победат ако сакаат да останат во игра за избегнување на бараж за опстанок, а во слична ситуација е и Тиквеш на гостувањето кај отпишаниот Пелистер.

Во Тетово Ренова ќе и биде домаќин на Струга и победникот ќе обезбеди сигурен опстанок, иако и пораз веројатно нема да го загрози прволигашкиот статус на двете екипи.

Двојки, 30. коло, 17 часот: Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев, Борец – Скопје, Пелистер – Тиквеш, Ренова – Струга.

Табела: Шкупи 71, Шкендија 59, Академија Пандев 58, Македонија Ѓ.П 53, Брегалница 42, Струга 39, Ренова 38, Работнички 37, Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10.

 

- Оглас -

Најнови вести