Орландо меџик стигна до 16-тата победа сезонава благодарение на Еван Фурние. Орландо во последниот напад на мечот го совлада тимот на Детроит пистонс со 109:107, а францускиот шутер беше побрз од звукот на сирената на 2,5 секунди до крајот.
Кошот за победа беше 13-ти поен на Фурние, додека придонес за славењето имаа и Огустин со 26 поени, Вучевиќ со двоен учинок од 22 поени и 11 скока, како и Гордон со еднаков број поени како Црногорецот, но со еден скок помалку.
Далас маверикс издвои минимална победа над Оклахома сити тандер при конечни 105:103. Пол Џорџ имаше одлично враќање на паркетот по извесната пауза, но тој немаше помош од Расел Вестбрук, кој запиша само девет поени, исто толку скока и осум асистенции.
Лука Дончиќ стандардно одигра ефикасен меч со 25 поени и седум асистенции, па придонесе за Далас да ја освтари само втората победа на последните пет меча.
DeAndre finds Luka for the two-hand slam! pic.twitter.com/xJEp4Z8gXd
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 31, 2018
ЛА лејкерс покажа дека може да победува и без Леброн Џејмс, па со тоа „езерџиите“ им се реваншираа на Сакраменто за поразот од пред три дена, со триумф од 121:114. „Кралевите“ загубија на две последователни гостувања во Градот на Ангелите, откако четири ноќи претходно Клиперс им го нанесе 16-тиот овосезонски пораз.
Улогата на предводник кај Лејкерси ја имаше Калдвел – Поуп, кој реализираше 26 поени, Харт заврши со 22, Инграм даде еден поен помалку.
26 PTS on a season-high 5 3PM off the bench for Kentavious Caldwell-Pope in the @Lakers win! #LakeShow pic.twitter.com/DH48mx9FCg
— NBA (@NBA) December 31, 2018
Резултати НБА:
Орландо меџик – Детроит пистонс 109:107
Мајами хит – Минесота тимбервулвс 104:113
Торонто репторс – Чикаго булс 95:89
Далас маверикс – Оклахома сити тандер 105:103
Портланд трејлблејзерс – Филаделфија севентисиксерс 129:95
ЛА лејкерс – Сакраменто кингс 121:114