Јувентус ја најде вистинската порака за СМС, прави српски тандем за мерак

Јувентус веќе се договорил со Сергеј Милинковиќ-Савиќ и треба да потпише петгодишен договор, со кој српскиот репрезентативец ќе има годишна плата од 4 милиони евра, а сега останува само договор со Лацио.

Лацијалите имаат договор со популарниот СМС до 2024 година и се најавува дека ќе бараат отштета од околу 70 милиони евра за извонредниот играч од средниот ред.

Милинковиќ-Савиќ веќе неколку сезони по ред блеска во дресот на Лацио и е еден од најдобрите играчи во Серија А, а годинава е втор во Лигата според бројот на асистенции.

Ги има точно 11, а пред него е само Доменико Берарди од Саусоло со 12 прецизни пасови за гол.

Српскиот репрезентативец постигна и 10 гола досега и е единствениот играч за врска со дабл-дабл учинок во италијанското првенство.

Италијанските медиуми објавија дека има понуди и од Манчестер јунајтед и од ПСЖ, но Јувентус најде рецепт за СМС, па сега останува само да се договорат со Лацио за трансфер на 27-годишниот фудбалер.

Јувентус го купи Душан Влаховиќ во зимскиот преоден рок и ако успее да го ангажира, и Милинковиќ-Савиќ би имал извонреден српски тандем во составот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести