Падна договор – Дибала од лето доаѓа во најголемиот ривал на Јувентус

Паоло Дибала од наредната сезона ќе игра за Интер. Барем таква вест утринава одекна низ медиумите во Италија, откако наводно Аргентинецот ги договорил сите услови со Нераѕурите.

Договорот на Дибала со Јувентус завршува во јуни, а бидејќи и двете страни не можеа да се договорат, Интер се одлучи да испрати подобра понуда којашто беше прифатена од страна на Аргентинецот.

Се очекува само потпис на четиригодишен договор, а Аргентинецот ќе заработува нето-плата од шест милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси таа би достигнала и до осум милиони евра.

Дваесет и осумгодишниот аргентински репрезентативец во Јуве пристигна од Палермо во 2015 година и оттогаш настапи на 205 натпревари, а постигна и 81 погодок.

- Оглас -

Најнови вести