Навивачкото лудило е загарантирано, финалисти во Лигата на Европа се Ренџерс и Ајнтрахт!

Шкотскиот Ренџерс и германскиот Ајнтрахт ќе играат во финалето на Лигата на Европа во Севилја и според тоа како се однесуваат нивните навивачи, спектаклот е загарантиран, барем на трибините и низ градот Севилја на денот на финалето.

Ајнтрахт, кој се прослави со неверојатното гостување на неговите фанови во Барселона, рутински дојде до финалето, со 1-0 го совлада Вест хем откако го победи со 2-1 на првиот меч.

Ренџерс на десет минути до крајот го даде голот за 3-1 и триумф над Лајпциг, па Шкотите спречија германско финале. Лајпциг победи со 1-0 на првата средба, но вечерва беше надигран од тим кој имаше огромна поддршка од публиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести