Германски железници до навивачите на Ајнтрахт: соберете 753.056 лајкови, и пуштаме воз за Севилја!

Германски железници, полуларниот Дојче Бан, покрена интересна акција со која ќе го мотивира навивачите на Ајнтрахт Франкфурт да кликаат допаѓања на една нивна објава на „Твитер“.

Од компанијата ветија дека ако се соберат 753.056 лајкови (тоа е бројката на жители на Франкфурт според пописот во 2019 година), бесплатно ќе пуштат еден воз до Севилја, за превоз на голем број фанови на Ајнтрахт за финалето во Лига Европа на 18-ти мај.

Во првите шест часа од акцијата, собрани се околу 80 илјади лајкови, што е голема бројка, но сепак е речиси десет пати помалку од потребното. Ако продолжи да се лајкува со исто темпо, многу брзо ќе се дојде до потребната бројка.

За Ајнтрахт ова е прво европско финале после тоа во 1980 година, еуфоријата е голема, и нема дилеми дека на 18-ти мај, ќе врие од германски навивачи во Севилја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести