Шалке 04 се враќа таму каде што му е местото, во Бундеслигата. На едно коло до крајот на сезоната во втората германска лига, Шалке има пет бода предност пред ривалите, па загарантирана му е минимум втората позиција која води во елитата.
Шалке вечерва дома, го победи Сент Паули со 3-2, иако гостите водеа со 2-0 по првото полувреме. Дарко Чурлинов играше 79 минути, и со асистенција придонесе за огромна радост на преполните трибини. Шалке 11 години чекаше на ваков пресврт од негатива 0-2 до победа.
Ова е голот за 2-2, при кој асистент беше Чурлинов:
Terodde with the equalizier
2:2 #fcsp #s04fcsp pic.twitter.com/u8blEFRZgz
— Norman (@eXtectiX) May 7, 2022