Хетафе и Рајо Валјекано одиграа 0-0 во меч од шпанската лига, и со овој освоен бод, екипата на Рајо на чиј гол стои Столе Димитриевски, обезбеди опстанок.
Македонскиот чувар на мрежата има голема заслуга што Рајо не прими гол, бидејќи во 5 минута имаше чудесна интервенција по шутот на Оливера. Столе еднаш беше и совладан од Алења, но голот беше поништен поради офсајд.