Трета шестка ќе биде светско чудо – Пред 62 години им ја наполнија мрежата со 12 гола, вечерва против истиот ривал се фаворити за европски трофеј

Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов ренџерс ќе играат во финалето на Лигата на Европа вечерва од 21 часот на „Рамон Санчес Писхуан“ во Севилја, а Германците со радост се присетуваат на двомечот од 1960 година против шкотскиот гигант, тогаш во полуфиналето на Купот на европските шампиони.

Ајнтрахт го декласира Ренџерс со вкупен резултат од 12:3, а и на двата меча им даде по шест гола на популарните полицајци од Глазгов.

На првиот меч во Франкфурт беше 6:1 за Ајнтрахт, а германскиот тим доминираше и на „Ајброкс“ и славеше со 6:3.

Сепак, Орлите од Франкфурт не успеаја да ја освојат титулата, а во финалето ги порази Реал Мадрид со неверојатни 7:3.

Сега германскиот тим се надева дека ќе го крене пехарот, а ако успеат, тој ќе им биде втор европски, по триумфот во УЕФА купот во 1980 година.

И Ренџерс има титула во еврокуповите, а славеше во Купот на победници на купови во 1972 година, па и двете екипи се надеваат дека ќе го освојат вториот трофеј во еврокуповите.

Според коефициентите во сите светски обложувалници, Ајнтрахт е фаворит, а Sport Life нуди квота 2.37 за победа на Германците.

Двојката на Глазгов ренџерс е 3.20, а ако мечот заврши нерешено во регуларниот дел, во Sport Life можете да си го помножите влогот со коефициент 3.35.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести