Мбапе: Се смени проектот на ПСЖ, затоа останав, сакам француската лига да биде врв!

Килијан Мбапе и претседателот на ПСЖ, Насер Ел Келаифи, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која беше објавен договорот до 2025 година, а фудбалерот се обиде да објасни зошто решил да остане во Париз, наместо да замине во Реал Мадрид, клубот за кој навива од дете, и со кој имаше преддоговор.

„Минатото лето сакав да си заминам, тоа не е тајна. Но, клупскиот проект се смени. Одлуката има и спортски и личен контекст. Јас сум Французин, ова е земјата во која сум се родил, живеам, и сакам француската лига да биде на врвот. Ќе останам да бидам само фудбалер, ништо повеќе од тоа“ – изјави Мбапе кој тврди дека не е точно оти ќе биде и свовиден директор кој ќе кажува кој да биде тренер и кои играчи треба да си заминат, кои да дојдат.

Веста за останувањето на Мбапе во ПСЖ ја поздравија од Владата на Франција, и претседателот Макрон отворено лобираше Мбапе да остане во татковината, но 23-годишниот играч си навлече многу непријатели меѓу фановите на Реал.

„Секогаш сонував да го облечам дресот на Реал Мадрид. Имам голема почит кон Флорентино Перес, му благодарам за напорите што ги направи за да ме донесе. Го разбирам разочарувањето на навивачите и се надевам дека ќе ме разберам зошто сакав да останам во мојата земја. Ќе видиме што ќе биде после три години“ – рече Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести