Бостон селтикс изедначи на 2-2 во НБА финалето на Истокот против Мајами хит, после рутинската победа од 102-82 во четвртиот натпревар од оваа серија.
Келтите првото полувреме го добија убедливо со 57-33, и победникот беше одлучен рано, па продолжи традицијата кога играат овие два тима, мечевите да не бидат неизвесни, туку да доминира едниот или другиот тим.
Гостите од Мајами ги утнаа првите 14 шута, дадоа само 1 поен во првите девет минути од мечот, и беше јасно дека поразот не им бега. Дебаклот во првиот дел ќе беше поголем ако не беше резервата Виктор Оладипо кој уфрли 13 од првите 18 поени на Хит.
Џејсон Тејтум со 31 поен беше предводник на Бостон, а петте стартери на Мајами заедно имаа само 18 поени, што е негативен рекорд во НБА плејофот.