Интересна е приказната на Сержињо Дест, играч кој веројатно ќе мора да си замине од Барселона, иако сака да остане во клубот и да потврди дека каталонците не погрешија кога на Ајакс му платија 21 милиони евра за трансферот во 2020 година.
Деест не е по вкусот на Чави, а и често беше повреден, па Барселона би го продала за сума од 25 милиони евра.
За шпанска „Марка“ Дест раскажа дека веќе гради куќа во Барселона и дека нема намера да си замине од клубот и сака да се бори за место стандарден десен бек во тимот.
Дест ако биде фит се надева дека ќе игра и на Мундијалот во Катар за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.