Бејл е фит за финалето од ЛШ – Фановите на Ливерпул стравуваат од уште едно ремек дело (ВИДЕО)

Герет Бејл е фит за финалето од Лигата на шампионите и ќе му се стави на располагање на Карло Анчелоти. Велшанецот кој што на лето си заминува како слободен агент, се опорави од повредата која што долго време го мачеше.

Иако Бејл не е во плановите на Италијанецот, барем не е во прв план, јасно е дека со своето искуство може да му помогне на тимот во финалето против Ливерпул.

Впрочем, тој беше еден од најдобрите кога последен пат овие две екипи се сретнаа токму во борбата за трофејот од најелитното натпреварување, кога Реал славеше со 3:1.

Бејл погоди со „макази“ и го постигна еден од најубавите погодоци во финалињата од Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести