Муслиу: Одморот ќе почека, желбата да се игра за репрезентацијата на Македонија е поголема од се

Висар Муслиу повторно ќе биде столбот на одбраната на Македонија, а треба да се бранат одличните резултати што ги имаме во последно време, во згуснатата јунска сесија од четири фудбалски испити во Лигата на Нации.

Премиерата ќе биде во балканското дерби со Бугарија на 2. јуни во Разград, потоа повторно на гости на петти јуни во Гибралтар и два испити дома, на 9, јуни со Грузија и на 12. јуни со Гибралтар.

„Јуни е време за одмор, но тоа може да почека. Желбата да се игра за репрезентацијата на Македонија е поголема и поважна од се. Сме играле со репрезентации од калибарот на Бугарија и знаеме дека можеме да победиме. Горд сум на успесите на оваа генерација и верувам дека ќе продолжиме во победнички стил и во новото издание на Лигата на Нации“, вели Муслиу.

Пласманот на Европското првенство и подвизите во квалификациите за Мундијалот во Катар, кога стасавме до финалниот бараж против Португалија и ја елиминиравме Италија мора постојано да се потврдуваат, а Муслиу е убеден дека оваа генерација македонски репрезентативци не го кажала завршниот збор.

„Имаме одлична атмосфера и победнички менатлитет и верувам дека тоа ќе го потврдиме и на четирите натпревари во јуни“, додаде Муслиу.

Македонија ќе игра од 18 часот во Разград против Бугарија, која заедно со Грузија ќе ни биде главен ривал за првото место во нашата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести