Реал Мадрид по 14-ти пат во својата историја дојде до титулата во Лигата на шампионите, но стартот во елитното натпреварување за оваа сезона не беше пријатен.
На 28 септември, „кралевите“ на својот Сантијаго Бернабе доживеаа неочекуван пораз од Шериф Тираспол од 1:2, во меч кој што треба да биде запишан во аналите на Лигата на шампионите и самата УЕФА.
Молдавскиот тим во кој што игра и нашиот Бобан Николов приреди невидена сензација, која што добива на уште поголема тежина ако се знае фактот дека Реал неколку месеци подоцна дојде на кровот на фудбалска Европа.
Шериф барем за момент беше еден од најзборуваните тимови на Стариот континент, а со храбрите игри кои што ги прикажаа, го заслужија тоа. Останува да видиме дали и во наредната сезона ќе успеата да се пласираат во најелитното клупско натпреварување и да приредат нови сензации.