Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром, се пласираше во финалето на плејофот и ќе ја брани титулата против Пелистер или Еуроникел.
Штрковите вечерва го поразија ТФТ со 92-82, и со 2-0 во победи ги елиминираше црно-белите од Тафталиџе. Ова е своевиден реванш на Металците за поразот од ТФТ во финалето на купот.
Ајви, Милошевиќ и браќата Стојановски, беа квартетот кој беше најзаслужен за победата.