Кралска прослава на Реал, Марсело заплака на збогувањето со фановите (Видео)

Реал Мадрид имаше повеќечасовни активности и прослава на шампионската титула во Лигата на шампионите, а по посетите на Градското собрание и официјалните приеми, редот дојде да прослават со бројните навивачи.

Огромен број навивачи беа на парадата која заврши на плоштадот „Сибелес“, каде што Реал традиционално ги прославува титулите, а капитенот Марсело, кој си оди од клубот, имаше чест за последен пат да стави шал и знаме на споменикот на божицата Сибелес.

Бразилецот се простува како најтрофеен играч во историјата на Кралскиот клуб, ги надмина сите легенди коишто играле за Реал. Марсело за Реал одигра 546 меча и постигна 38 гола. Тој е еден од најдобрите леви бекови на светот во последните 15-тина години, но последниве сезони играше малку, не го продолжи договорот и ќе си замине.

 

https://twitter.com/i/status/1531022598032838657

Крајот на прославата беше на преполниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, каде што Марсело го покажа пехарот од ЛШ, клекна на колена и емотивно ги доживуваше овациите.

https://twitter.com/i/status/1531022341202919427

- Оглас -

Најнови вести