Екипата на Ден Хаг навистина има за што да жали бидејќи на неверојатен начин остана без пласман во најдобрата холандска лига. Во мечот кој требаше да го даде патникот во првата лига, Ден Хаг на свој терен, во драматичен меч загуби од Екселсиор, и тоа дури по изведување на пенали.
Во регуларниот дел, Ден Хаг имаше водство од 3:0 до 79-тата минута, но гостите во последните 11 минути постигнаа три погодоци и стигнаа до 3:3. Во дополнителните 30 минути, Ден Хаг даде гол за 4:3, но гостите и тогаш успеаја да израмнат на 4:4, па мораше да се шутираат пенали.
Во пенал-рулетот мораа да се шутираат дури девет серии, а на крајот Екселсиор победи со 8:7 на пенали. Победата на гостите беше повод да „збеснат“ дел од домашните навивачи.
Het gaat hier helemaal mis. pic.twitter.com/pO3C8k8aBw
— Rypke Bakker (@RypkeBakker) May 29, 2022
Фановите на Ден Хаг втрчаа во терен, прво започнаа да се тепаат со редарите на стадион, а потоа истрчаа и до трибината каде што беа противничките фанови, но за среќа не се случи посериозен инцидент меѓу двете групи. Нередите продолжиле и надвор од стадионот, а биле повредени десетина навивачи и полицајци.
Wappierellen, Boerenterreur, Voetbalrellen en maar klagen dat het zo’n kutland is! Stelletje schorem, jullie maken er juist een kutland van! #adodenhaag pic.twitter.com/strmctPrJe
— Juniper Ceres (@HenzOpperbacher) May 30, 2022