Лацио го „врза“ Сари на клупата до 2025 година

Лацио ја обнови соработката со тренерот Маурицио Сари до јуни 2025 година. Италијанскиот стратег официјално стави потпис на новиот договор според кој му се гарантирани 3,5 милиони евра по сезона.

Претходниот договор на популарниот Банкар важеше до јуни 2023 година, па бидејќи управата е задоволна од настапите на тимот под негово водство, реши да го награди екстренерот на Наполи.

Сари ги презеде Небесно-сините пред почетокот на изминатата сезона во која Лацио заврши на петтото место во Серија А, а воедно успеа да извади максимум од напаѓачот Чиро Имобиле, кој со 27 погодоци заврши како најдобар стрелец во Калчо лигата.

- Оглас -

Најнови вести