На денешен ден пред точно пет години, Вардар ја освои својата прва од двете европски титули во драматичниот фајнл-фор турнир во Келн.
Црвено-црните до незаборавната сензација стигнаа откако на драматичен начин прво ја елиминираа Барселона во полуфиналето благодарение на Циндриќ, за во битката за титулата да падне големиот ПСЖ.
Се играа последните седум секунди од финалето, Вардар имаше напад за победа при резултат 23-23, но и играч повеќе на теренот, па акцијата скроена од Раул Гонзалес беспрекорно беше реализирана од Чупиќ.
За потсетување на убавите спомени, погледнете ја уште еднаш акцијата на вардарци по која застанаа на европскиот ракометен трон.