Родриго Де Пол е апсолутен рекордер на Аргентина и со него во составот популарните Гаучоси не знаат за пораз во брилијантна серија на натпревари во низа.
Некогашниот соиграч на Илија Несторовски во Удинезе има точно 31 натпревар без пораз по ред во дресот на Аргентина, што е рекорд во богата историја на еден од гигантите на светскиот фудбал.
Таква серија без пораз во националниот дрес со сино-бели симболи немаат ниту Лео Меси, Диего Армандо Марадона и останатите големи фудбалски ѕвезди што ги имала Аргентина во својата историја.
https://twitter.com/AleLiparoti/status/1533541171338919938?s=20&t=2YcJMekTAdjw0nZDvF1_kA
Родриго има одиграно вкупно 41 меч за Аргентина, а од вчера по дуелот со Естонија во Памплона е нов рекорд на националниот состав.
Гаучосите славеа на пријателски меч со 5:0, сите пет гола ги даде Лионел Меси, а Де Пол беше стартер во победничкиот состав.
Родриго му беше соиграч на Илија Несторовски во Удинезе од 2019 година до ланското лето кога се пресели во Атлетико Мадрид.