Судиски „грабеж“ против Челзи, Барселона искористи и ќе игра во финалето на Лигата на шампиони (Видео)

Барселона славеше со 2:0 на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи во реванш мечот од полуфиналето на Лигата на шампиони за жени. Со оваа победа фудбалерките на Барселона ја анулираа негативата од 0:1 што ја имаа по првиот дуел и со вкупно 2:1 се пласираа во финалето на ЛШ.

Бонмати погоди во 25 минута за водство на гостите, а потоа, во 59 минута се случи еден од најконтроверзните момент во историјата на оваа ЛШ. Челзи остана со играч помалку откако беше исклучена Кедеиса Бучанан поради фаул кој воопшто не се случи.

Бучанан прво доби жолт картон во 54 минута, а само пет минути подоцна ѝ беше покажан втор жолт што автоматски значеше исклучување. Сепак, повторената снимка покажува дека Бучанан воопшто немаше контакт со противничкиот играч и едноставно романската судијка Јулијана Деметреску наседна на глумата.

https://twitter.com/i/status/1784294441919918115

Со играч повеќе, Барселона продолжи да напаѓа и постигна втор гол во 75 минута кога Ролфо беше прецизна од пенал. Голем револт имаше кај сите во Челзи поради неправедното исклучување кое секако влијаеше на играта.

„Ограбени сме. “

Денеска се игра реваншот од второто полуфинале меѓу француските ривали ПСЖ и Лион. По првиот меч Лион има предност од 3:2. Овој дуел на „Паркот на принцовите“ ќе го суди најдобрата македонска судијка Ива Пројковка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести