Репрезентациите на Србија и Украина за фудбалери до 19 години квалификациите за Европско првенство ги завршија со ист број бодови, иста гол-разлика и нерешено во меѓусебните дуели.
За среќа на младите Срби, а за несреќа на нивните врсници од Украина, во ваков случај решава ферплејот, поточно жолтите картони. Украинците имаа три јавни опомени повеќе и затоа Србија оди на ЕП во Словачка.