Брозовиќ со два убави гола го засени Роналдо и ја одложи шампионската промоција на Ал-Хилал

Ал-Наср победи со 3-2 на гостувањето кај Ал-Ахдуд и остана со минимални теоретски шанси за освојување на титулата во саудиската лига.

За Ал-Наср ова беше осма лигашка победа по ред. Доминантниот лидер Ал-Хилал игра задутре и со освојување на еден или три бода, и дефинитивно ќе ја освои титулата на три кола до крајот.

Јунак на Ал-Наср вечерва беше Марцело Брозовиќ, кој даде два гола, од кои вториот во самиот финиш на средбата, а во листата на стрелците се запиша и Кристијано Роналдо, за кого ова е 33-ти гол сезонава на 28 настапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести