Барселона успеа да победи на првиот меч како гостин кај Хувентуд со 83:77 во полуфиналето на плејофот во шпанското првенство и го врати брејкот, па ќе има предност да игра на домашен терен во евентуалниот петти меч или во мајсторката за финале.
Каталонците водат со 2:1 во плејоф-серијата против жилавиот ривал, кој ги победи на вториот меч на гостински терен, но вечерва не успеа да го потврди брејкот и да игра четврти меч дома за пласман во финалето.
Никола Миротиќ со 18 поени ја предводеше Барселона до рибрејк и фаворитот ќе има шанса во нов меч на гостински терен во четврток да ја заврши серијата и да му излезе на мегдан на Реал Мадрид во големото финале за титулата.
Анте Томиќ со 21 поен беше најефикасен кај Хувентуд и на мечот, но сега тие ќе се борат за да останат во игра за пласман во финалето и не смеат да ги загубат следниот натпревар и евентуалната мајсторка.
Реал со чисти 3:0 ја елиминира Басконија во полуфиналето и го чека ривалот за плејоф-серијата што ќе одлучи кој ќе биде нов шпански првак.