Дисциплинскиот комитет на Светската фудбалска федерација, ФИФА, откако ги разгледа сите документи и изјави, одлучи дека репрезентацијата на Еквадор останува учесник на Мундијалот во Катар. Со ова, пропаднаа надежите на Чиле и Италија дека може да играат на СП.
Чилеанците се жалеа на настапите на Еквадорецот Бајрон Кастилјо, за кој тврдат дека е Колумбиец и дека има лажен пасош. Но, ФИФА ја одби жалбата.
Еквадор на СП ќе биде во група со Катар, Холандија и Сенегал. Чилеанците имаат рок од десет дена да поднесат жалба до Апелација на оваа одлука, но мали, речиси и никакви се шансите да сменат нешто.
И Италијанците како најдоброрангирана селекција која нема да биде во Катар, се надеваа дека ќе бидат повикани на СП на местото на Еквадор.