За Австрија дебитираше пред 10 години, вечерва го постигна првиот гол и за малку ќе беше џелатот на светскиот првак (видео)

Австрија и Франција ремизираа при конечни 1-1 во дуелот од третото коло во Лигата на нациите, што е уште едно разочарување на светскиот шампион кој забележа две ремија и еден пораз во овој циклус.

Триколорите од 35-тата минута се најдоа во негатива откако Андреас Вајнман го постигна својот прв гол во националниот дрес, иако напаѓачот дебитираше за Австрија уште во 2012 година.

Мбапе како џокер од клупата го спаси составот на Дешамп од пораз, забивајќи за 1-1 во 83-тата минута, а само три минути подоцна ѕвездата на ПСЖ ја погоди гредата и не успеа да изрежира комплетен пресврт.

Останати резултати:

Данска 0-1 Хрватска, Албанија 1-2 Израел, Азербејџан 0-1 Словачка, Белорусија 1-1 Казахстан, Молдавија 2-4 Летонија, Андора 2-1 Лихтенштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести